Ново
  (проект спонзориран од канцеларијата на Светската Банка)
  (проект спонзориран од канцеларијата на Светската Банка)

Како партнер на Младинскиот Информативен Центар, МАЗА директно учествува во спроведување на активностите од проектот "Информативен центар за Превентивна Стоматологија", спонзориран од Канцеларијата на Светската Банка во Македонија а кој го покрива подрачјето на Западна Македонија. Проектот се имплементира од 01.06.2001 и се состои од едукација во полето на превентивната стоматологија на 4 целни групи: деца од предучилишна возраст, школски деца, трудници и млади мајки. Во проектот беа опфатени 3000 деца од школска возраст и 3000 родители.

Скопје
6 Основни Училишта
30 Градинки
Советувалиште за трудници
Советувалиште за здрави деца
Битола
2 Основни Училишта
11 Градинки
Советувалиште за трудници
Советувалиште за здрави деца
Гостивар
2 Основни Училишта
2 Градинки
Советувалиште за трудници
Советувалиште за здрави деца

Охрид
2 Основни Училишта
5 Градинки
Советувалиште за трудници
Советувалиште за здрави деца
Струга
2 Основни Училишта
4 Градинки
Советувалиште за трудници
Советувалиште за здрави деца

Поради моменталната ситуација во Македонија, активностите од прграмата за Тетово и Куманово се одложени и се надеваме дека до крајот на 2001 година децата и од овие два региона ќе имаат подеднаква шанса да научат нешто повеќе за оралното здравје.

 

Вториот проект поднесен до Институтот за Трајни Заедници под наслов "Подобрување на јавното знаење за превенцијата на оралните болести", претставува негово проширување на територијата на источна Македонија со што ќе се постигне балансирано образовно ниво на децата во целиот регион.

 

(слики од снимањето на образовниот филм - кликнете на сликите за зголемување)


Проектот Информативен Центар за превентивна стоматологија наиде на силен интерес меѓу оние за кои беше наменет: деца од градинки, нивни родители, воспитувачки, училишни деца и нивни родители, трудници и мајки на новородени. На наше огромно задоволство едукаторите на МАЗА опфатија дури и повеќе деца од планираните со примарни превентивни мерки и тоа 4500 деца И 1000 родители. Проектот ја имаше следнава динамика:

Јуни 2001:
· Обука на 6 стоматолози за проектните активности
· Менаџерски состаноци
· Графичка подоготовка на печатени материјали под наслов Заботека

Јули 2001:
· Менаџерски состаноци
· Прв семинар на тема Информативен Центар за превентивна стоматологија на 10.07 2001, во просториите на Стоматолошка Комора на Македонија, под супервизија на нашиот патрон проф. Др. Царчев
· Публикување на печатени материјали (брошура, боенка, постери) под наслов Заботека

Август 2001:
· Снимање на детски филм Кој ќе оди на стоматолог
· Подготовка на Интернет презентација

Септември 2001:
· Втор семинар на тема Информативен Центар за превентивна стоматологија на 13.09 2001, во амфитеатарот на Стоматолошкиот Факултет во Скопје.
· Едукативни предавања во 70 градинки, 14 основни училишта и 7 Советувалишта за трудници и мајки на новородени.

Ноември 2001:
· Трет семинар на тема Обука на наставници за примарни превентивни мерки, на 01. 10 2001 во градинки Весели Цветови- Кисела Вода, за наставниците и воспитувачи во училишта иградинки.
· Најдобри детски цртежи презентирани на саемот на невладини организации во Александар Палас на 21-23 Октомври 2001.
· Едукативни предавања во 70 градинки, 14 основни училишта и 7 Советувалишта за трудници и мајки на новородени.

2. проект Подобрување на јавното знаење за превенција на орални болести беше одлично прифатен во 15-те предвидени училишта во Источна Македонија И децата во 2. одделение со задоволство учествуваа во интерактивните предавања на темите
Млечна и перманентна дентиција ; Најдобар начин да се спречи забниот кариес- ; Нашиот најголем пријател на забите Флуор; Пломбирана залеана шеска - што е тоа?; Зошто одиме на стоматолог. Наместо предвидените 840 ученици, заради големината И бројот на паралелките во овие училишта, беа опфатени дури 1200 деца, но за жал бројот на вклучените родители во проектот наместо предвидените 840 изнесуваше само 400. Тоа е основен мотив наша следна таргет група за едукација во примарна превентивна стоматологија да бидат родителите.

Динамика на одвивање на проектот:

Август 2001:

· Подготовка и печатење на едукативни брошури "Заботека"
· Подготовка на интерактивни предавања

Септември 2001:

· Кратка обука за спроведување на нивните предавања и организирање на час по интерактивна настава во соработка со проф. Царчев од Клиниката за Детска и Превентивна Стоматологија, при Стоматолошкиот Факултет во Скопје и педагогот проф. Петра Паневска, од училиштето Димитар Миладинов од Скопје.

Октомври 2001:
· Едукативни предавања и работилници во Виница (ОУ Славчо Стојменски) и Кочани (ОУ Тодор Арсов - с. Зрновци);

Ноември 2001:
· Едукативни предавања и работилници во Штип (ОУ Ванчо Прке, ОУ Гоце Делчев, ОУ Димитар Влахов);

Декември 2001:
· Едукативни предавања и работилници во: Гевгелија (ОУ Владо Кантарџиев, ОУ Ристо Шуклев - с. Негорци) и Струмица (ОУ Кирил и Методиј - с. Иловица,ОУ Мануш Турновски- с. Ново Село, ОУ Сандо Масев) и Валандово.

Јануари 2002:

· Едукативни предавања и работилници во: Кавадарци (ОУ Тошо Велков Пепето, ОУ Гоце Делчев), Неготино (ОУ Страшо Пинџур) и Свети Николе (ОУ Гоце Делчев).
· Мерење на Индекс на Орална Хигиена кај контролна група испитаници

Измерениот индекс пред и по интерактивните предавања кај контролната група ученици вклучени во проектот покажа дека едукацијата на децата за одржување на добра орална хигиена и други мерки на превенција на орални болести дава позитивни резутати дури кај повеќе од 60% испитаници, со што се потврдува успешноста на овој проект.

Наши следни активности се организирање на едукација од областа на примарна здравствена заштита и помош на ментално хендикепирани лица, глувонеми лица и маргинализирана група граѓани како на пример затвореници, пензионери и други.