Младинската Aсоцијација на Заболекари и др. Академци (МАЗА) e невладина, непрофитна, непартиска организација која работи на подигнување на јавната свест и промоција на здравјето како основно право на секој човек и зајакнување на граѓанските иницијативи за постигнување на највисоките стандарди за здрав живот.

Во задачите на МАЗА се вбројуваат и:

  • спроведување на примарни превентивни мерки за чување на оралното здравје во македонската популација;
  • креирање на мрежа на комуникација и информирање на населението за причините и последиците од оралните заболувања;
  • поддршка на иницијативите за зајакнување на граѓанско општество;
  • заштита на човековите права на засегнати граѓански групи како деца, хендикепирани лица, возрасни и изнемоштени и др.
  • спречување на еколошки катастрофи на нашето поднебје.

За да ги постигне овие цели, МАЗА се користи со финансиска и интелектуална помош од земјава и од странство, а членовите се едуцираат и професионално се изградуваат преку учество во проекти на домашни и интернационално ниво.